АРТ
ПРОДУКЦИЈА

Ние сме талентиран тим од фотографи и видеографи кои имаат документарен, репортажен и артистичен пристап кон нашата работа.

Водени од емоциите, светлината , деталите, нашата цел е да ги доловиме сите делови од вашиот настан или свадба, зачувувајќи го секој спомен.

Нашиот тим не е само професионален, ами и доста посветен и страстен кон својата работа, а ова најмногу се гледа преку фотографиите или видеото кое нашите клиенти го добиваат.

Дали станува збор за свадба, семеен или корпоративен настан, Арт Продукција е тука за да ги долови најважните моменти.

Свадбена фотографија и видеографија

На Вашиот голем ден, Вашата свадба, ние како тим сме тука за Вас не само да ви креираме спомен, ами да ги доловиме и моментите на емоции и среќа на Вас како пар и на фамилиите и гостите кои се присутни.

Најмногу сакаме да ловиме моменти на ситни детали, гестови, изрази на среќа, насмевки, реакции... За нас тие се најважните моменти од вашиот голем ден.

Фотографија

Постојат моменти во Вашиот живот кои заслужуват да бидат зачувани. Крштевањето на вашето дете, првиот роденден, семејни настани или прослави. Преку нашата работа како фотографи ја доловуваме вашата среќа.

Видеографија

За нас креирањето на видео не е само документирање на настан, ами раскажување на една семејна историја преку моменти, среќа, реакции, емоции...

Производи

Вистинскиот начин за да се зачуваат моментите на семејна среќа е да тие добијат форма. Ова подразбира изработка на класичен принт, фотокнига или врамен принт. На овој начин се зачувува длабочината и убавината на фотографијата.

Бизнис фотографија и видеографија

Визуелното претставување на вашиот бизнис, производ или услуга е она по што ќе станете препознатливи како бренд.

Заследи нѐ