Documentary & Storytelling

Photography + Film

Пакети на услуга за фотографија и филм за парови кои имаат модерен и различен поглед кон свадбениот ден. Овде акцентот е насочен кон креативно кадрирање, ловење на емоции, моменти и општата атмосфера на свадбата. Во овие пакети нема класично фотографирање со гостите и нема продажба на фотографии

Фотографија

Фотографирањето на една свадба е креирање на приказна за истата. Моменти на емоции, спонтани ситуации и креирање на спомени кои најдобро го опишуваат Вашиот голем ден.

Свадбен филм

Креирањето на Свадбен филм , сакаме да го донесеме на повисоко ниво и да Вие како клиенти добиете видео со траење до 2 часа со опфатени сите битни моменти и церемонии. Исто при секој пакет од видеографија креираме и краток филм до 5 минути и Reel клипови.

Дополнителни информации

Прифаќаме ограничен број на свадби во сезона т.е. работиме 1 свадба на дата, за да се посвети посебно внимание на секој ангажман. При овие пакети на услуги нема фотографирање со гости и продажба на фотогарфии на гостите и целото наше внимание е посветено на Вас и на креирање на спомените за Вашиот свадбен ден.

Понудите се базирани на прицип цена /час ангажман и тоа:

- 4000 ден /час за главен фотограф

- 2000 ден/час за втор фотограф

- 2000 ден/час за Главен и втор видео оператор

Па, доколку има потреба од overtime, цената на услугата се зголемува според погоре спомнатите цени за започнат час.

Доколку има потреба за услуги или производи кои не се дел од понудата , се договараат посебно.

Закажете термин

    Врста на услуга:

    Често поставувани прашања

    1Како да резервирате термин?
    - Најпрво , испратете ни барање преку формата погоре и опишете ни како е планирана вашата свадба и сите ваши специфични барања.
    Доколку терминот е слободен , закажуваме средба или онлине состанок.
    По разговорот со Вас и откако ќе дефинираме што е поѕребно за вашата свадба , се врши уплата на Капар со висина од 30 % од договорената сума за ангажман , као и подпишување на договор.
    2 Колку однапред треба да се резервира термин за вашите услуги?
    На сите идни парови кои планираат свадба , советот е да штом се резервира свадбена локација , веднашда се започне и со разгледување и резервирање на терминот и кај другите даватели на услуги.
    3Дали работите само во Струмица , Македонија или во странство?
    Да , секако. Ние сме од Струмица , но работиме и низ цела Македонија, а работиме свадби и во странство.
    Контактирајте не , ќе закажеме состанок.
    4Каков е вашиот пристап кон свадбената фотографија и филм?
    Свадбената фотографија е спој од повеќе стилови на фотографија. За да некој каже дека е добар свадбен фотограф треба треба да има знаење за портретна , модна , репортажна , Editorial … Многу клиенти сакаат спонтани фотографии , но за да се доловат истите понекогаш е потребно да се направат мали корекции во агол, место , држење на телото ...
    Пристапот кон креирањето на свадбен филм е исклучиво документарен , каде се доловува целиот свадбен ден во своето природно течение.
    5Кога ги добиваме готовите материјали?
    Постпродукцијата на фотографиите или видео едитирањето на и креирањето на свадбениот филм е врвот на нашата услуга. Па зависно од бројот на ангажмани или сезоната рокот на изработка е 20 – 60 работни дена.
    6Колку екипи работите и колку свадби годишно работите?
    Ние сме 1 екипа на фотографи и видеографи и со тоа гарантираме за константност во квалитетот на нашата услуга.
    Имаме ограничен број на свадби кои може да ги резервираме , со тоа сакаме да имаме доволно време за да се посвети исто внимание на секој ангажман.
    7Дали може да се добијат суровите материјали?
    Не. Вие како клиенти добивате финален производ представен преку фотографии кои се селектирани , обработени. На свадбениот филм исто се посветува посебно внимание при монтажата .