Свадбена фотографија и видеографија
На Вашиот голем ден, Вашата свадба, ние како тим сме тука за Вас не само да ви креираме спомен, ами да ги доловиме и моментите на емоции и среќа на Вас како пар и на фамилиите и гостите кои се присутни.
Најмногу сакаме да ловиме моменти на ситни детали, гестови, изрази на среќа, насмевки, реакции... За нас тие се најважните моменти од вашиот голем ден.
Креирајте буџет за вашата свадба
За да полесно пронајдете што ви одговара за вашата свадба , и во однос на вашите желби и буџет, направивме 2 групи на пакети на услуги.
Documentary & Storytelling – Пакети на услуга за фотографија и филм за парови кои имаат модерен и различен поглед кон свадбениот ден. Овде акцентот е насочен кон креативно кадрирање, ловење на емоции, моменти и општата атмосфера на свадбата. Во овие пакети нема класично фотографирање со гостите и нема продажба на фотографии,
Classic – Се однесува за регуларни свадби каде има фотографирање на гостите и продажба на фотографии. Преку конфигураторот ги избирате оние услуги и производи кои ви се потребни и сами си креирате пакет за вашата свадба.
Како работиме?
Раскажувањето на Вашата свадбена приказна е нашата мисија. Улогата на свадбениот фотограф или видеограф на Вашата свадба е да ја раскаже таа приказна на начин кој е најкреативен и најдобар во дадениот момент, бидејќи секоја свадба е комплексен настан составен од мали мигови и непредвидливи ситуации.
Пред свадбата сакаме да се сретнеме со вас, дали во живо или онлине, бидејќи е многу важно да се разговара најпрво како е планирана, кои се церемонии ќе ги има, каде се локациите. Ова е потребно за да се визуализира како ќе е динамиката на Вашата свадба и што да се очекува, за да биде раскажана најдобро вашата свадбена приказна.
Перфектни кадри
Вашата свадба ќе биде изработена лично од нас како екипа, а работиме 1 свадба на дата. Со ова гарантираме дека квалитетот на изработката е на највисоко ниво бидејќи екипата е синхронизирана во секој сегмент на свадбата.
После свадбата сите кадри (фотографии или видео материјали) се прегледуваат и се врши постпродукција на истите. Постпродукцијата е врвот на нашата работа, тука е главниот момент на креирање на Вашата свадбена приказна.
Сите готови материјали – фотографии и видео, после завршената постпродукција ги добивате на линк за споделување , кој е од времен карактер и може да дозволите пристап на вашите роднини и пријатели.
Често поставувани прашања
Работите само во Струмица или?
Работиме низ цела Македонија, но главно сме најмногу активни во Југоисточниот регион. Ама имаме работено доста свадби и во Скопје, Штип, Виница, Охрид и насекаде каде има потреба од
нашите свадбени услуги.
Како функционира креирањето на буџет на вашиот сајт?
Многу едноставно. Одбирате што ви е потребно за Вашата свадба според времетраењето и динамиката на свадбата. Сепак убаво е и да се слушнеме доколку има нешто нејасно или сакате повеќе информации.
Можам ли да резервирам само фотографирање без видео?
Секако, но преферираме да работиме како екипа и може да договориме свадба само фотографија кога е вон сезона.
Што ако не сме сигурни што да избереме како услуга?
Доколку не сте сигурни , најдобро е да разговараме и да дефинираме од кои наши услуги имате реална потреба. Сепак најбитно е да Вие бидете задоволни.
Што е Постпродукција?
Нашата работа започнува од моментот кога ќе дојдеме на Вашата свадба , но не завршува со истата. Најголемиот дел од нашата работа е после свадбата каде се прави најпрво зачувување на суровите материјали и тоа на минимум 2 места заради сигурност. После тоа се врши селекција на кадри и обработка на истите. Обработката т.е. постпродукцијата е еден од најбитните сегменти на нашата работа. Тоа е врвот на нашата услуга , тука настанува магијата.

