Совршен кадар, секогаш.

Индивидуална фотосесија
Индивидуалната фотосесија е посветена на тебе – твојата личност, стил и емоции. Овде со креативен пристап доловуваме моменти од спонтани насмевки до внимателно осмислени пози.
Идеално за лична употреба, портфолио ...
ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА:
- Ангажман околу 30 минути
- Oдбир на 30 кадри и постпродукција на истите
- Линк од Google Drive, за трансфер
цена од:
3000ден.

Фамилијарна
Најомилена фамилијарна фотосесија е таа на еднобојна позадина со студиска светлина.
Комплетна фамилија, децата сами , поединечно секое дете... Креираме кадри кои остануваат како траен семеен спомен.
ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА:
- Фотосесија 30 минути
- Одбир и постпродукција на 30 кадри
- Линк од Google Drive, за трансфер
- Принт на 30 10х15 фотографии
цена од:
3000ден.

Бремени
Секоја идна мајка заслужува да се почувствува убава и специјална. За оваа фотосесија дефинираме начин заедно со клиентот како ќе ја реализираме. Дали сама, со тато , како најава за роднините. Пожелно е изборот на облека да е со светли или темни тонови, да биде едноставна облеката, да не се јаки и различни бои.
ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА:
- Ангажман 1 час
- Одбрани 20 кадри и постпродукција на истите
- Линк од Google Drive, за трансфер
- Принт на 20 13х18 фотографии
цена од:
4000ден.